Поранешниот репрезентативец Мојсов ја засили Брегалница
Новиот член на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на штипска Брегалница, го донесе првото звучно засилување во своите редови за новата сезона, потпишувајќи двегодишен договор со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов.