Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон до лето 2025 година го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул за кој настапува уште од 2011 година
Фудбалерите и фудбалерките на Република Ирска ќе добиваат ист износ на премии за натпреварите во националните тимови, соопшти Ирската фудбалска федерација
Актуелниот европски шампион Челзи му го позајми на Милан во следните две сезони францускиот фудбалер Тимуе Бакајоко, соопшти италијанскиот прволигаш
Еден тренер го загуби животот, а тројца играчи се полесно повредени при удар на гром за време на фудбалски натпревар во бугарското гратче Лесичево
Тотенхем понуди 27,5 милиони фунти за дефанзивецот на Барселона, Емерсон. Каталонскиот клуб ја прифати оваа понуда, а трансферот би требало да се договори наскоро, соопштува „Скај Спортс“.
Пари Сен-Жермен се согласи да го пушти напаѓачот Мауро Икарди во Јувентус. Сепак, Французите се подготвени да го дадат на позајмица 28-годишниот Аргентинец за оваа сезона само под услов клубот од Торино да го откупи трансферот на играчот следното лето, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Реал Мадрид и ПСЖ ги продолжуваат преговорите околу евентуалниот трансфер на напаѓачот Килијан Мбапе. Сепак, францускиот клуб не е подготвен да се раздели со 22-годишниот напаѓач за помалку од 200 милиони евра, објави „Марка“.
Доцна синоќа, под обвинение дека силувал 17-годишна девојка, уапсен е фудбалер на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос, а денеска или најдоцна утре ќе биде изведен пред јавен обвинител
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари со Франција и со Србија
Португалскиот репрезентативен дефанзивец Рубен Дијас потпиша нов долгорочен договор со Манчестер сити, обврзувајќи се на верност со актуелниот англиски шампион до лето 2027 година