Клубовите потрошија 3,72 милијарди долари за летни трансфери, oва е само 60% од рекордните 5,8 милијарди во 2019 година
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави податоци за трансферните трошоци ова лето. Од јуни до август 2021 година, клубовите направија 7.481 меѓународен трансфер – нешто помалку од минатата година (7.771).