И Милевски упати критики за состојбата на теренот на Градски, за ремито вели дека Македонија играла добар фудбал
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и покрај тоа што нема победа ниту по третиот меч со А-тимот, е задоволен од изданието на неговите избраници на вечерашниот дуел со Романија (0:0), како и на претходните два, со Ерменија (0:0) и со Исланд (2:2).