Добра партија на македонските фудбалери во Вадуз за второ место во групата Ј
Првото полувреме мина во целосна доминација на македонскиот состав и откако Милан Ристевски и Елиф Елмас за малку биеја непрецизно, Дарко Чурлинов ја погоди пречката, а голот на Александар Трајковски беше поништен поради офсајд, водството дојде во 39 минута преку Дарко Велкоски.