Премиерлигашките екипи потрошија 353 милиони евра на трансфери
Клубовите од Премиер лигата во зимскиот преоден рок потрошија 295 милиони фунти (353,5 милиони евра) на играчки засилувања, објави денеска финансиската и консултантска компанија „Дилојт“, наведувајќи дека тоа е највисок износ за трансфери од 2018 година.