Изградба на клиничка болница, нов медицински факултет и нов студентски дом во Штип, реновирање на Клиничката болница во Тетово и изградба на комплетно нов Здравствен дом со општа болница во Кичево, се дел од првиот пакет на проекти што ќе се реализираат заедно со брзата пруга, истакна вицепремиерот Николоски.
“Тоа се пет засебни проекти кои што сериозно треба да го подобрат македонското здравство и образование и кои што се пилот проекти и доколку се покажат добри одиме кон реализација на други проекти во делот на здравството, дали ќе биде во Охрид или Битола, Куманово или зборуваме за нов клинички центар во Скопје, тоа се проекти кои би дошле после тоа, но сериозен фокус ставам и на енергетиката. Премиерот најави дека размислуваме проектот Чебрен и Галиште да оди во рамки на финансирањето од Велика Британија”-потенцираше вицепремиерот Николоски
Тој зборуваше и за нов проект во Мариово.
“ Проектот се наоѓа во Мариово и би значело сериозен воден потенцијал за наводување и за Мариово и за Тиквешкто поле што сериозно треба да го подобри земјоделието, но исто така проектот е добар од причина што околу себе може да развие други обновливи извори на енергија, мислам на солар и ветер и да се отворат производствени капацитети за тоа и секако да се развива и туризмот. Така што кога ќе видите Мариово сега е едно пусто место за разлика на времето кога било наслено и многу богато, така да може да се врати на старите патеки”-рече вицепремиерот Николоски.