Македонија Ѓорче Петров одигра без голови на дербито во Гостивар против Арсими и го задржа првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Башкими со победа над Детонит Плачковица (3-2) пак го презеде второто место на табелата.
На коло пред крајот, Македонија ЃП има 64 бода, пред Башкими со 63 бода, додека Арсими е третопласиран со 62 бода.
Резултати 29. коло:
Арсими – Македонија ЃП 0-0 Башкими – Детонит 3-2 Беласица – Борец 1-1 Каменица Саса – Осогово 1-0 Новаци – Скопје 4-0 Охрид – Брегалница 0-1 Победа – Кожуф 1-2 Вардарски – Вардар Неготино 0-3.