Европска комисија ги повика Индија и Пакистан на деескалација на најголемото насилство во изминатите 20 години помеѓу двете нуклеарни сили.
- Ги повикуваме двете страни да покажат воздржаност и да преземат итни мерки за деескалација, изјави портпаролот на ЕК, Ануар ел Ануни.
Додека германското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со двете страни и оти формира кризна група „за внимателно следење на ситуацијата“.
Претходно шефот на британската дипломатија Дејвид Лами наведе дека Лондон ги повика Њу Делхи и Исламабад на „директен дијалог за да се најде брзо и дипломатско решение.
- Јасно им ставив до знаење на моите колеги од Индија и од Пакистан дека доколку има понатамошна ескалација, никој нема да победи. Велика Британија недвосмислено го осуди ужасниот терористички напад во Пахалгам минатиот месец. Сега е од суштинско значење сите страни итно да соработуваат за да ја вратат стабилноста во регионот и да ги заштитат цивилите“.
Претходно на воздржаност повикаа ОН, Русија и САД.
Според најновите информации во синоќешниот пакистански напад загинаа 15 лица, а 43 се повредени. Додека во вчерашните индиски напади загинаа 26 луѓе, а 46 се повредени.