Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри ја коментираше неговата победа на трката за ГН на Мајами.
- Беше тежок викенд. Во саботата, квалификациите беа едни од најтешките во годината, така што да се заврши трката со победа е импресивен резултат. Имавме малку притисок во првиот свиок, што на крајот ми помогна. Знаев дека е најдобро да го избегнам Макс во првиот свиок и знаев дека тогаш ќе имам добро темпо и можност да стекнам голема предност во болидот. Среќен што победив, среќен што освоив поени. Пред две години во Мајами бевме најбавни. Сега имаме предност од 25 секунди пред нашиот најблизок ривал, што е неверојатно достигнување, рече Пиастри во интервјуто по трката.
Пјастри победи на трката за ГН на Мајами, а неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место. Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ги заокружи првите три.
Следното коло во Формула 1, Големата награда на Емилија Ромања, ќе се одржи во Имола, Италија, на 18 мај.
Во поредокот за возачи лидер е Пјастри со 131 бод, Норис има 115, Верстапен е трет со 99, Џорџ Расел собра 93.