Тренерот на Ал-Хилал, Жорге Жезус, поднесе оставка од функцијата, објави официјалната веб-страница на клубот од Саудиска Арабија.

Оставката на 70-годишниот Португалец доаѓа по елиминацијата во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони од Ал Ахли (2:3).

Се шпекулира дека Жезус би можел да стане селектор на бразилската репрезентација.

Жезус го водеше Ал-Хилал од 2018 до 2019 година и од 2023 година до сега.

Тој со тимот стана шампион на Саудиска Арабија, три пати го освои Суперкупот на земјата и еднаш Купот на Кралот.