Претседателката на Перу, Дина Болуарте планираше да отпатува во Ватикан за да присуствува утре на погребот на папата Франциск, но Парламентот одлучи поинаку и ѝ забрани да ја напушти земјата.
Според перуанскиот закон, шефот на државата мора да добие одобрение од Парламентот пред да може да ја напушти земјата.
Еднодомниот парламент го отфрли нејзиното барање со 45 гласа „против“, 40 „за“ и еден воздржан.
Перу, кое прогласи тридневна национална жалост по смртта на папата на 21 април, на погребот ќе го претставува министерот за надворешни работи Елмер Шиалер.
Околу 50 шефови на држави и десет актуелни монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск.