Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, зборуваше за проблемите со неговиот болид по седмото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Победник на трката беше Оскар Пјастри од Мекларен. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го освои второто место, додека тимскиот колега на Хамилтон, Шарл Леклер беше трет.

- Трката не донесе ништо позитивно за нашиот тим, освен подиумот на Шарл. Беше страшно, не ми се допадна. Имав многу предизвици, потоа ситуацијата малку се подобри, но останаа многу нешта да се поправаат. Се борам со рамнотежа, се обидувам да го почувствувам болидот. Мислам дека тоа ќе биде исто и во Мајами, ништо не може да се поправи до крајот на годината и тоа ме засега многу. Се обидов буквално сè, но болидот едноставно не сакаше да ме „слуша“, изјави британецот за „RacingNews365“.

Четириесетгодишниот Хамилтон е на седмото место во поредокот кај возачите со 31 бод. Оваа сезона тој немаше трка повисоко од петтото место.

Следната фаза од сезоната во Формула 1, 2025 година ќе се одржи во Мајами (САД) од 2 до 4 мај