Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.
Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.
Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне