Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Австралиецот ја оствари втората победа сезонава и четврта во кариерата на патеката „Сакир“, со предност од повеќе од 10 секунди пред Џорџ Расел во Мерцедес.
Британецот, инаку, е под истрага за потенцијално користење на ДРС кога не требало.
Ландо Норис, во вториот Мекларен, се најде на третото скалило на подиумот по проблематичната трка во која стартуваше од третиот ред, но ја спаси својата трка со одлични претекнувања.
Следната трка во Формула 1 се вози следниот викенд, Големата награда на Саудиска Арабија, на улиците на Џеда.