Светскиот шампион Макс Верстапен не беше задоволен од својот настап на вториот слободен тренинг за ГН на Бахреин вчера, на кој се пласираше на седмото место. Другиот возач на Ред Бул Јуки Цунода остана 18-ти.

-Треба да се подобри рамнотежата на болидот, иако и не беше толку лошо, морам да признаам. Проблемот е што нашиот болид не работи на оваа патека и во овие услови, бавни и нестабилни сме. Имаме уште многу работа - овој викенд и во текот на целата сезона. Немаме доволно брзина, предалеку сме зад Мекларен, изјави шампионот.

Јуки Цунода потврди дека тој и Макс користеле различни поставки вчера за тимот да може да ги спореди нивните перформанси.