Оскар Пјастри го предупреди Мекларен дека светските конструкторски шампиони не можат да си дозволат да бидат „невнимателни“ во битката против Макс Верстапен за светската титула во Формула 1.
Ландо Норис и Оскар Пјастри победија во Австралија и Кина на почетокот на сезоната, но Верстапен победи во Јапонија, каде победи на квалификациите и ја контролираше трката и покрај притисокот од двајцата возачи на Мекларен.
-Мислам дека го имаме најбрзиот болид во моментов, но нашето водство не е доволно за да ни дозволи да бидеме невнимателни. Мораме секогаш да бидеме на највисоко можно ниво. Во Мелбурн имавме многу силен викенд, двајцата возевме многу добро. Во Кина и Јапонија видовме дека не е потребно многу за да не се биде на врвот на табелата, истакна пилотот.
Во Јапонија, Верстапен го забележа својот прв старт на пол-позицијата во последните 15 трки.
-Во трката предноста беше на наша страна, но во квалификациите разликите се многу мали и мора да се борите. Во Јапонија, Макс се претстави добро и тоа беше доволно за да биде пред нас. Ова е уште еден доказ дека сезоната ќе биде многу конкурентна и дека секогаш треба да бидеме во одлична форма, додаде Пјастри.