Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1.
Првиот тренинг Норис го заврши со време од 1:33.204 минути. Возачот на Алпин, Пјер Гасли, беше втор со заостанување од 0,238 секунди, додека Луис Хамилтон од Ферари го освои третото место со 0,596 секунди заостанување.
Вториот тренинг е закажан денеска во 17:00 часот, третиот тренинг и квалификациите се утре, додека почетокот на трката за Големата награда на Бахреин е закажан за в недела во 17:00 часот. е