Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.
Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.
М.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.