Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба успеа да се пласира во квалификациското финале на ИТФ турнирот во Пореч, откако денеска со 2-1 во сетови го победи Србинот Марко Николиќ.
Утре во дуелот за пласман на главниот турнир, кој е во рамки на турнирите „Истарска ривиера“, Ивановски ќе игра против 19-годишниот тенисер од Италија Лука Плосниќ, кој, пак, без борба стигна до третото квалификациско коло откако хрватскиот тенисер Лука Вуглар го предаде мечот.
Ивановски во денешниот дуел против Николиќ го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа следниот сет го доби на идентичен начин. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер беше поуспешен со 10-8 на поени.
Турнирот е од категорија М15 со награден фонд од 15.000 долари и се игра на отворено и земјена подлога.