Во СВР Велес било пријавено дека вчера околу 14.20 часот на Регионалниот Пат Р-1102 Велес кон Езеро „Младост“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66 годишниот П.А. од село Кумарино, велешко, и велосипед „Кубе“ сопственост и управувано од 54 годишниот З.Ј. од Велес. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес,информира за МИА денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес
Според информацијата од д-р Наталија Петровска од екипата на Итна помош која била повикана на настанот за укажување на прва помош, повредениот пациент се жалел на болки во ципата, колкот и глуждот на ногата. Тој добил прва медицинска помош, бил мобилизиран и во свесна состојба пренесен во Општа болница Велес.
Потпаролката на Општа болница Велес, д-р Билјана Босилкова го потврди приемот на пациентот во Хирушки амбуланти и соопшти дека по прегледите на Ј.З му биле назначени рентгенски снимања од лекар специјалист хирург. Taa информира дека по сите направени ренген испитувања и добиените резултати пациентот синоќа бил пратен на домашно лекување.
Несреќата се случи на угорницата која води кон велешко езеро „Младост“ која е омилено место за велосипедистите, но која по реконструкција на патот со банкини е многу стесната.
Велешките велосипедисти при реконструкциј на патот и години пред тоа бараа од надлежните да се направи велосипедска патека на регионалниот пат Велес-Езеро „Младост“ но не беше направена.
Повредениот Зоран Јанев од Здружението „Велес Бајкинг“ за МИА информира дека од падот освен на нозете има болки и на главата,но за среќа во несреќата поминал со полесни телесни повреди. Тој од свое и името на сите велосипедисти рекреативци апелира до сите возачи за внимателно возење бидејќи на овој пат кон велешко езеро „Младост“ освен возрасни возат и деца и млади. Потенцира дека како и секогаш и вчера носел заштитна кацига и целосна опрема за заштита и видливост која е задолжителна за велосипедистите, а посебно ноќе и да имаат исправен светлосен уред на велосипедот што е задолжително да се поседува посебно за ноќно возење