Светскиот првак во тешка категорија во верзијата ИБФ, британскиот боксер Даниел Дубоа се повлече синоќа од борба против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер поради болест.

Борбата требаше да се одржи в сабота во Ријад. Дубоа во четвртокот беше подложен на тестови во Ријад и ја пропушти официјалната прес-конференција, а набргу потоа се повлече од борбата. Не е соопштено за каква болест станува збор, пренесе Би-би-си.

Дубоа требаше да ја брани титулата во ИБФ по втор пат, откако минатиот септември го победи Ентони Џошуа во пет рунди на лондонскиот Вембли пред 96.000 гледачи.