Организаторите на АТП 500 турнирот во Токио најавија учество на Карлос Алкараз.

Натпреварувањето ќе се одржи од 24 до 30 септември.

Така, Алкараз нема да ја брани титулата во Пекинг. Во истата недела се одржуваат турнири во главните градови на Јапонија и Кина.

Шпанскиот тенисер на првиот Грен слем турнир годинава, Австралија Опен 2025, загуби во четвртфиналето од Новак Ѓоковиќ.