Албанскиот премиер Еди Рама во Брисел се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. „Со специјалниот пријател и сега непоколеблив поддржувач на Албанија, Марк Руте, на првата средба со него како генерален секретар на НАТО по 14 години на чело на холандската влада“, напиша Рама на својот Фејсбук профил по вчерашната средба со Руте.

Во понеделникот Руте рече дека стабилноста на Западен Балкан останува кревка и ја изрази својата поддршка за напорите за одржување на безбедноста во регионот, јави Албанската радио и телевизија.