Патничко моторно возило „Фиат-500“ ноќеска било опожарено на паркиг во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека случајот во ОВР Струга бил пријавен во 2 часот и 40 минути. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

- Во ОВР Струга е пријавено дека било опожарено патничко возило „фиат-500“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.Ѓ.(26) од Струга, а кое било паркирано на паркинг простор на улицата „Ристо Крле“ во Струга, стои во соопштението на СВР Охрид.

Тоа е втор случај на запален автомобил во ноќните часови. Пред само два дена беше опожарен паркиран автомобил „Ауди“ со струшки регистерски ознаки на улицата „Туристичка“ во Струга сопственост на Д.А. од Струга