Сто и седум возачи се санкционирани вчера во Скопје, од кои 11 за користење мобилен телефон, 10 за возење повеќе од дозволената брзина, осум без возачка дозвола..., информира Министерството за внатрешни работи.
Најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта