На подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Л.(26) од Скопје затоа што претходно физички ја нападнал неговата 25 - годишна поранешна партнерка, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.