Противник на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен ќе биде Русинот Данил Медведев, кој рано утрово во полуфиналето со совлада светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз од Шпанија.

Медведев, кој стартуваше на грен – слем турнирот во Њујорк како трет носител, триумфираше над бранителот на трофејот со 3-1 во сетови (7-6, 6-1, 3-6, 6-3).

Претходно во првото полуфинале, Ѓоковиќ синоќа со максимални 3-0 (6-3, 6-2, 7-6) го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон и в недела против Медведев ќе се обиде да ја освои својата 24 грен – слем титула во кариерата.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде десетто финале на УС Опен каде има негативна статистика и во претходните девет финални настапи само три пати ја освојуваше титулата, а шест пати беше поразен.