Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис, и покрај повредата на мускулот на десната нога, е подготвен за настап на Светското фудбалско првенство во Катар, објави денеска бундеслигашот Баерн Минхен.
Дејвис се повреди во саботниот гостински триумф на Баерн на берлинска Херта (3-2) и беше повлечен од игра во 62. Минута.
– Баерн ќе мора да биде без Алфонсо Дејвис во завршните два натпревари пред зимската пауза, соопшти баварскиот клуб, истакнувајќи оти „настапот на канадскиот репрезентативец на Светското првенство не е загрозен“.
Дејвис нема да биде во составот на Баерн на гостувањето против Вердер во Бремен во вторник и дуелот во Гелзенкирхен против Шалке идната сабота.
Мундијалот во Катар почнува на 20 ноември, а Канада во првото коло од групната фаза ќе игра против Белгија.