Напаѓачот на Наполи, Џовани Симеоне беше двоен стрелец синоќа на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Ренџерс (3:0).
Дваесет и седумгодишниот Аргентинец на првите четири натпревари во европското натпреварување постигна четири гола. Само двајца Аргентинци постигнале четири гола во нивните први четири натпревари во Лигата на шампионите во историјата, Џовани и неговиот татко Диего Симеоне, кој моментално е главен тренер на Атлетико, соопшти прес-службата на УЕФА.
Италијанскиот клуб води во групата А со 15 бодови. Ренџерс е на последното место со 0 бодови.