Престижниот портал специјализиран за фудбалски вести „Goal.com“ ја објави листата на фаворити за Златната топка за сезоната 2022/23. Тројца напаѓачи на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе се на првите три места на рангирањето.

Топ 10 листата изгледа вака:

1. Лионел Меси (ПСЖ) – 12 гола и 8 асистенции во сезоната 2022/23;

2. Нејмар (ПСЖ) – 13 гола и 11 асистенции;

3. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 13 голови и 1 асистенција;

4. Ерлинг Халанд (Манчестер сити) – 21 гол и 3 асистенции;

5. Роберт Левандовски (Барселона) – 14 гола и 4 асистенции;

6. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид) – 7 гола и 5 асистенции

7. Кевин де Брујне (Манчестер сити) – 2 гола и 12 асистенции;

8. Карим Бензема (Реал Мадрид) – 5 голови и 1 асистенција;

9. Мохамед Салах (Ливерпул) – 11 гола, 4 асистенции

10. Фил Фоден (Манчестер сити) – 7 гола и 3 асистенции.