Со натпреварите од воведното коло денеска почнува групната фаза во фудбалската Лига на шампиони во женска конкуренција.

Актуелниот шампион Лион ја стартува одбраната на титулата против Арсенал, а воведното коло ќе донесе уште една француско – англиска пресметка во која Челзи е домаќин

Сезоната 2022/23 во женска ЛШ донесе историски успех на фудбалерките на Влазнија, која стана првата екипа од Албанија која ќе се натпреварува во групната фаза на елитното клупско натпреварување.