Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, извесен период ќе отсуствува од терените поради повреда, соопшти денеска актуелниот германски првак.

–Лекарските прегледи покажаа дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на вчерашната победа над Фрајбург (5-0), се наведува во клупското соопштение.

Баерн не прецизираше колку долго ќе трае рехабилитацијата на Сане.

Германскиот репрезентативец одигра 76 минути против Фрајбург и постигна еден гол.

Сане (26) сезонава настапи на 16 натпревари за Баерн во сите конкуренции и постигна 10 голови.