Англиската Премиер лига може да одржи летен претсезонски турнир во САД во 2023 година, објави американскиот новинар Дејвид Орнштајн.

Според него, форматот на натпреварувањето се уште не е одреден, но, како што е планирано, на него ќе учествуваат шест екипи поделени во две групи.

Домаќини на турнирот ќе бидат неколку градови на источниот и западниот брег на САД. Претходно, врвните клубови во Англија повеќепати учествуваа на претсезонски турнири во САД.

Во тековната сезона лидер во поредокот во Премиер лигата е Арсенал со 27 бодови. Следат Манчестер сити и Тотенхем со по 23. Челзи кој е четврти има 19 бодови. На петтото место е Манчестер јунајтед со 16, шести е Њукасл со 15.