Од денеска нов шеф на стручниот штаб на Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово е Љупчо Димовски. Тој доаѓа на местото на Даниел Радески кој заедно со помошникот Костадин Богојевски си поднесоа оставки.
-Љупчо Димовски доаѓа како слободен агент. Како тренер работел во Вардар и повеќе екипи во Грција. Во фудбалската кариера настапувал како голман за Тетекс, Беласица и Вардар, а бил младински репрезентативец на Југославија. За Тетекс настапувал во периодите 1977-1978 и 1987-1988, информираа од ФК Тетекс.
Димовски е роден 1954 година. ФК Тетекс е на 12-тата од 16-те места на табелата во Втората фудбалска лига со седум бодови.