Македонската машка фудбалска репрезентација до 15 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Пријателските средби против Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првиот контролен дуел е закажан на 11. октомври со почеток од 14:00 часот, додека втората пресметка ќе се одигра на 13. октомври во 11:00 часот.
Селекторот на репрезентацијата на Северна Македонија до 15 години, Раде Каранфилоски за двата натпревари повика 21 фудбалери:
Голмани: Антониј Трајковски (ССК), Павел Грбевски (Вардар);
Одбрана: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Елис Жута (Јанг Тим), Стефан Стаматоски (Еврофудбал), Албан Рочи (Јанг Тим), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Алекс Започек (Ексцелсиор, Холандија), Мартин Џангаровски (Македонија Ѓ.П.);
Среден ред: Давид Ангелевски (Талент), Лорент Жаку (Јанг Тим), Александар Грашевски (Њу Старс), Матео Каранфилоски (Работнички), Илија Митановски (Вардар), Стефан Бујароски (Еврофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Бленди Ганиу (Шкупи);
Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Стефан Бранковски (Триглав, Словенија).