Фудбалерот на премиерлигашот Брајтон, Инок Мвепу, стави крај на кариерата на 25-годишна возраст поради срцева мана, соопшти денеска англискиот прволигаш.

– Некои соништа едноставно мораат да завршат и со тага соопштувам дека ќе морам да ја прекинам кариерата поради медицинскиот совет кој го добив, објави самиот Мбепу на социјалните мрежи.

Играчот за врска и репрезентативец на Замбија порача дека ќе остане во светот на фудбалот.

– Ова не е мое збогување со фудбалот. Планирам да останам вклучен на некој начин. Им благодарам на сите кои ме поддржуваа на моето фудбалско патување, порача замбискиот репрезентативец