Тренерот на Нотингем Форест, Стив Купер, го продолжи договорот со премиерлигашот до јуни 2025 година.

Купер (42) седна на клупата на Форест во септември лани и успеа да му донесе на клубот пласман во Премиер лигата за прв пат по 23 години.

Дел од британските медиуми објавија изминатите денови дека Купер ќе добие отказ поради лошите резултати оваа сезона, бидејќи Нотингем Форест е последен на табелата со само четири бодови. Меѓутоа, раководството на клубот одлучи да ја продолжи соработката со Купер.

–Сега е важно да се фокусираме само на фудбалот. Ќе сториме сè да и помогнеме на екипата да го подобри пласманот на табелата и да ги покаже нашите квалитети, кои ни донесоа место во Премиер лигата, соопшти Нотингем Форест.