Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ги почна подготовките за претстојниот квалификацискиот турнир во Грузија за пласман на Европско првенство 2023 година.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко од 4 до 10 октомври во Тбилиси ќе играат во групата 6 од Б лигата во рамки на првата рунда квалификации.

За натпреварите против домаќинот Грузија (4. октомври) и Белорусија (7. октомври), селекторот Мерко повика 20 фудбалерки:

Голмани: Берна Кабачки (Бергх, Холандија), Кристина Павловска (Истатов);

Одбрана: Симона Ребека Маијер (Истатов), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Матеа Блажевска (Скопје), Миа Головска (Скопје), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса);

Среден ред: Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Мена (Ас Јунајтед), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Михаела Настоска (Деспина);

Напад: Јехона Велиу (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (ГПСО 92), Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Еда Далипи (Ас Јунајтед). ег /цр