Напаѓачот на Тотенхем, Дејан Кулушевски го сподели своето мислење за тренерот на клубот Антонио Конте.

– Многу сум среќен што работам под Антонио Конте. Никогаш во животот не сум сретнал, дури и надвор од фудбалот, таква личност која е одлучна да ја исполни целта. Конте е еден. Кога зборува со вас, неизбежно продира во вашето срцето, го цитира Кулушевски „Гол“.

Дваесет и двегодишниот Швеѓанец му се приклучи на Тотенхем од Јувентус во јануари 2022 година на позајмица. Договорот со напаѓачот е со важност до јуни 2023 година.

Кулушевски оваа сезона одигра девет натпревари за Спарс, постигнува еден гол и три асистенции во сите натпреварувања.