Селекторот на Англија, Герет Саутгејт се огласи пред натпреварот против Германија во Лигата на нации.

– Критиката е животно искуство што доаѓа со оваа работа, која ја разбрав од самиот почеток.

Секако дека сакам тимот да победува, да игра добро, а навивачите да бидат среќни. Сакам да го сменам англискиот фудбал, изјави Саутгејт.

Натпреварот од Лигата на нации Англија – Германија ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон вечер со почеток во 20:45 часот.

Во Групата-3 води Унгарија со 10 бода, Италија има 8, Германија 6, Англија е последна со само 2 бода.