Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, Вицо Зељковиќ го сподели своето мислење за планираниот пријателски натпревар со руската репрезентација.

– Ако зборуваме за натпреварот, тој е договорен и Европската фудбалска асоцијација знае за тоа, но конечната одлука ќе ја донесеме на 10 октомври. Има преголема реакција кај дел од медиумите и луѓето во врска со овој натпревар. Секој има право на свое мислење, но тоа не значи дека сите други треба да размислуваат на ист начин. Ова е само пријателски натпревар, изјави Зељковиќ за „Независне новине“.

Натпреварот меѓу селекциите на Русија и Босна треба да се одржи на 19 ноември во Санкт Петербург.

Голем број водечки босански фудбалери, меѓу кои и ѕвездите на репрезентацијата Миралем Пјаниќ и Един Џеко, изјавија дека не сакаат да учествуваат на оваа средба.

Претходно ФИФА и УЕФА го суспендираа рускиот тим од учество на официјални меѓународни натпревари