Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип ќе ја искористи претстојната пауза во домашното првенство поради настапите на националниот тим за да одигра пријателски натпревар против Пирин од Благоевград.
Брегалница ќе му гостува на бугарскиот прволигаш в сабота на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград.
Дуелот против Пирин е „уште една можност за шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски за проверка и на играчите, кои се со помала минутажа низ првенствените дуели, но и одржување на натпреварувачкиот ритам на составот“, соопшти Брегалница, најавувајќи го гостувањето во Бугарија.