Голманот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години Васко Василев ќе ја продолжи кариерата во португалскиот прволигаш Рио Аве.

Португалскиот тим соопшти дека со 18-годишниот Василев е потпишан тригодишен договор.

Еден од најталентираните македонски голмани се сели во Португалија од редовите на српскиот шампион Црвена ѕвезда.

Член на Рио Аве во минатото беше прославениот словенечки голман Јан Облак.