Поранешната фудбалска легенда на Шкендија и тренер кој на клубот во 2011 година му ја донесе првата шампионска титула, Ќатип Османи, се врати на клупата на тетовскиот прволигаш.
Османи (53), како што официјално е соопштено попладнево, ќе ја предводи Шкендија веќе на утрешниот натпревар против актуелниот шампион Шкупи во рамки на 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерското место во Шкендија остана празно по оставката на Артим Шаќири.
Шкендија во моментов е третопласирана на табелата со 11 бодови, десет помалку од лидерот Струга.