Реал Мадрид имаше многу успешен старт на сезоната 2022/23.Мадриѓаните ги добија сите осум натпревари на почетокот на сезоната, што е најдобрата серија на клубот во последните 54 години.
Во сезоната 1961/62, тимот исто така победи на осум натпревари по ред.
Реал Мадрид се претстави подобро само на почетокот на сезоната 1968/69.
Тогаш „кралевите “ победија 11 натпревари по ред.
Следниот натпревар Реал Мадрид ќе го одигра на 18 септември.
Избраниците на тренерот Карло Анчелоти за противник ќе го имаат Атлетико Мадрид во 6. коло од Ла Лига.