На скоро два месеци пред стартот на Светското првенство во фудбал, настапот на Еквадор станува неизвесен поради можна дисквалификација поради случајот со фудбалерот Бајрон Кастиљо.
Сега се појавија и нови докази кои потврдуваат дека Бајрон Кастиљо е всушност Колумбиец и нема пријавено точен датум на раѓање. Новите документи, но и аудио снимка од бекот ја потврдуваат теоријата која ја пласираа Чилеанците. Кастиљо запиша осум настапи за Еквадор во квалификациите за Светското првенство, а ако се докаже дека навистина игра со лажни документи, тоа може да биде кобно.
Според наводите, дури и челниците на Федерацијата во Еквадор биле свесни за потеклото на фудбалерот, што проблемот го прави поголем. ФИФА засега молчи.