Македонската фудбалска репрезентација до 15 години е победник на УЕФА развојниот турнир што се одржа Скопје.
Нашата репрезентација во последниот натпревар успеа да го совлада Косово со 2-1 и да заврши на првата позиција. Двоен стрелец во македонскиот состав беше Грашевски.
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски одиграа одличен турнир, прикажувајќи офанзивен и модерен фудбал.
Во воведното коло македонските фудбалски надежи ја совладаа Ерманија со 5-1, а одиграа нерешено 1-1 против Малезија.