УЕФА ги повика фудбалските судии пред вечерашниот почеток на групната фаза во европските клупски натпреварувања построго да реагираат при приговори од фудбалерите на судиските одлуки и симулирање на теренот.

-Такви сцени не сакаме да гледаме на натпреварите, изјави шефот на судиската организација во УЕФА Роберто Росети.

-Мораме да го чуваме својот углед бидејќи одредени облици на однесување на теренот и на клупата се непримерни, додаде Росети.

Тој најави дека судиите ќе ги санкционираат со картони фудбалерите кои театрално симулираат прекршок, а построго ќе се казнува и повлекување на противнички играч за дресот.

– Тоа едноставно не е спортски, додаде првиот човек на судиската организација во УЕФА.