Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја победи соодветната селекција од Кипар со 3:0 во рамките на првиот меѓусебен контролен дуел.

Јехона Велиу во 20. минута го отвори резултатот, Ајна Исејни најпрво зголеми на 2:0 во 30. минута, а потоа со својот втор гол на вчерашната средба во 72. минута ги постави конечните 3:0.

Вториот контролен меч, двете репрезентации ќе го одиграат утре во 16:30 часот исто така на стадионот на Турново.

За македонската репрезентација на овој натпревар настапија: Берна Кабакчи, Матеа Блажеска, Лора Сулејмани, Едина Сулејмани, Кристина Мојсоска, Миа Головска, Јехона Велиу, Ера Стеблева, Веса Села, Ајна Исејни, Симона Мејер.